среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

На ГП Табановце за излез се чека 30 до 45 минути

На ГП Табановце за излез се чека 30 до 45 минути

На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државава, соопшти АМСМ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Најнови вести

Коронавирус