недела, 9. август 2020. Вести денес: 85
home Вести

На гласање граѓаните не смеат да дојдат со маски на кои што има амблеми на политички партии

На гласање граѓаните не смеат да дојдат со маски на кои што има амблеми на политички партии

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе организира симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки на едно избирачко место на кое што ќе бидат поканети сите медиуми.

Ќе биде опфатен целиот избирачкиот процес во реални услови, објави МИА.

-Почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, се што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странскирте набљудувачи, најави Борис Кондарко, член на ДИК.

На настанот ќе бидат поканет медиумите, домашни и странски меѓународни мисии, посебно мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Ќе бидат поканети и учесниците на изборите односно политичките партии.

На денешната седница на ДИК беше најавено, исто така дека граѓаните ќе можат да гласаат на изборите на 15 јули со пасоши чија важноста истекла од 18 март наваму, за време на вонредната состојба, имајќи предвид дека тие ќе имаат важност до 31 јули.

Кондарко информираше дека на гласање граѓаните нема да смеат да одат со маски на кои што ќе има амблеми на политички партии, бидејќи тоа ќе се третира како агитирање на избирачкото место што е забрането со закон.

На 13 и 14 јули, кога гласаат лицата со Ковид-19, во изолација, болни, немоќни и хронично болни, членови на ОИК и на ИО, ќе можат да бидат ослободени од работа доколку има потреба да бидат ангажирани и овие два дена.

Коронавирус