петок, 22. февруари 2019. Вести денес: 140
home Вести

На две годишнината откако СДСМ „имаше“ план за чист воздух, СДСМ објави дека за 2 години отсега ќе го реализираат

На две годишнината откако СДСМ „имаше“ план за чист воздух, СДСМ објави дека за 2 години отсега ќе го реализираат

Пред почетокот на зимата и сезоната на загаденост на воздухот Скопје, но и повеќе градови од внатрешноста уриваат светски рекорди во ниво на загаденост на воздухот и присутност на канцерогени ПМ 10 честички во воздухот. Граѓаните гласни на социјалните мрежи, но и на собири низ државата изразуваат револт против не работата на владата која со прст не мрднува за подобрување на квалитетот на воздухот, од таму наместо конкретни мерки и проекти, велат дека почист воздух може да се очекува, но не сега, туку за две години.

Сегашната власт од опозиција ветуваше почист воздух веднаш по преземањето на власта, а не како што сега ветуваат дури на крајот на нивниот мандат.

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, во презентација на својот две годишен план вели дека подобрување ќе очекуваат дури за две години.

Имено да се потсетиме во екот на нивните изборни кампањи велеа дека да дојдат на власт и веднаш граѓаните ќе дишат почист воздух. Веќе нема да има загадување за Скопје дури најавуваа град без смог.

СДСМ успешно ги тераше кампањите за чист воздух, сочувување на градското зеленило и животната средина. Токму екологијата, преземање на мерки за намалување на загадувањето, спречување на дивата урбанизација и неконтролирано градење каде најважни се нечии бизнис интереси беа главните заложби на кандидатите за градоначалници на СДСМ.

Дури и Шилегов во својата кампања ветуваше чист воздух. И говореше –„И покрај бројните ветувања, градската власт не стори ништо за да се намали нивото на ПМ честички во воздухот во Скопје и дозволува сите ние да се труеме од загадениот воздух. На Скопје му е потребна итна стратегија за чист и квалитетен воздух. Затоа, по победата на локалните избори, како нова градска власт ќе преземеме низа краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето“.

Од овие ветувања нема ништо. Македонија е меѓу првите во светот по загаденоста. За да владата презентира дека оваа година нема чист воздух. Туку по две години. Бидејќи досега обезбедиле само 98 милиони денари од буџетот, а сега очекуваат средства од домашни донатори за да се спроведе планот – како на пример од Шведска, Јапонија и САД. Иако Макрадули не беше конкретен за колкави средства станува збор.