среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

На денот на здравјето јуришниците на СДСМ удрија по медицинарите

На денот на здравјето јуришниците на СДСМ удрија по медицинарите

На денот на здравјето кој денеска се одбележува низ целиот свет јуришниците на СДСМ удрија по медицинарите и докторката Ленче Нелоска која ја кажа вистината за односот на државата кон медицинарите.

Имено таа во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма откри дека докторите се оставени сами на себе во овие тешки времиња на коронавирусот.

Во емисијата др. Ленче Неловска истакна дека состојата во Македонија каде имаме 52 заразени лекари од кои 34 во амбулантски услови додека биле на работа според неа значи отсуство на опрема за медицинските лица.

-Тоа значи отсуство на опрема последните денови слушам на пресовите на министерот и еве сега и од колегата Бујар Османи дека има опрема доволно но здравствените работници не ја користат, не знам од каде им се информациите. Јас верувам дека одлуките ги носат врз база на информации меѓутоа ако информациите ви се погрешни тогаш ќе донесете погрешна одлука, нагласи Неловска.

Таа истакна дека насекаде се слуша секојдневно дека има опрема но според неа во амбулантите нема доволно опрема. Ако ја денес имам 10-15 пациенти да ги прегледам јас треба да имам ракавици за секој поединечен пациент да имам во 6 часа работно време барем 3 маски да сменам и во упатствата кои се дадени си пишува убаво маска за еднократна употреба капи за еднократна употреба тврдам дека таму каде што нема не се користи орема ако ја имаат сигурно ќе ја користат, додаде Неловска.

Таа рече дека секојдневно докторите се потпираат сами на себе и на личните контакти и комуникации.

-Колегите помладите специјализанти визирите ги прават кој каде има контакт да се добијат визири кои произведуваат прават маски па ги донираат, кои произведуваат капи каљачи па ги донираат значи буквално на лична основа кој каде има контакт сеслуша со тие луѓе и обезбедува количина колку што може таму каде што може-посочи Неловска. Неловска нагласи дека во протоколите на СЗО си е точно опишано на кое ниво каква заштита треба да има што значи посебна опрема за медицинско лице за секој пацент поединечно. -Ова се небулозни состојби ова некако ми личи на создавање алиби „здравствените работници имаат опрема не сакаат да ја користат‘‘ мислам као е тоа можно ако ја имаме опремата ке ја користеме, истакна Неловска.

Докторот Игор Николов во изјава за КУРИР вели дека Изминатиов период, а особено последните денови се соочуваме со обиди за замолкнување на вистината и гласот на лекарите и здравствените работници.

-Изминатиов период, а особено последните денови се соочуваме со обиди за замолкнување на вистината и гласот на лекарите и здравствените работници.  Информациите кои што ги споделуваат лекарите за несоодветната Лична Заштитна Опрема (ЛЗО), се обидува да ги нихилизира најпрво Министерот за Здравство Венко Филипче. Потоа тој во дослух со Комисијата за заразни болести (во која членуваат само послушници на Венко Филипче) и со ДСЗИ се обидуваат да ги обвинат лекарите и здравствените работници за несоодветна употреба на ЛЗО. Сведоци сме на едно флагрантно кршење на правото да се дознае вистината, при што лекарите и здравствените работници се под притисок да не објавуваат и да не кажуваат со каква опрема работат. Дополнително, Комисијата за заразни болести, наместо да го превземе како релевантен Прирачникот кој што го издадоа колегите во Кина, кои што имаат најмногу искуство со справувањето со КОВИД 19, тие ги превземаат препораките од Јануари месец 2020 издадени од СЗО. На тој начин практично се обидуваат да го оправдаат несовесното и ненавремено реагирање на Венко Филипче и Министерството за здравство во обезбедувањето на ЛЗО за лекарите, вели Николов.

Тој за КУРИР додава дека потребно е да се исклучат оние платени мегафони на власта, кои што упорно се обидуваат да го скријат неуспехот во подготовката за справувањето со епидемијата.

-Овие мегафони, најверојатно се платени и се спремни да ја сокријат решеноста по секоја цена дури и по цена да се жртвува персоналот само за да се обезбеди привиден впечаток дека Венко Филипче добро се справува со ситуацијата. За крај би го повикал Венко Филипче, државниот секретар Владо Милошев како и заменик министерот за здравство, заедно со сите останати бирократи кои што седат во канцелариите на Министерството за здравство, наместо да се занимаваат со тоа како да ги замолкнат здравствените работници да земат да излезат на терен и да работат. Потребна е вистинска координација, наместо бескорисни прес конференции и блефови, вели Николов.

Инаку вчера Нелоска беше нападната од јуришниците на СДСМ вклучувајќи неколку медиуми, како и новинарката Јорданка Ивановска-Јоци како и Џабир Дерала.

Од тука се поставува прашањето по чија нарачка се вклучија Јоци, Џабир и останатите критичари на дугме?

Коронавирус