петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 46
home Вести

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е Љубиша Георгиевски

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е Љубиша Георгиевски

Во 1937 година на 30 мај е роден Љубиша Георгиевски – театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија.

Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Како театарски режисер има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра.

Досега има објавено десеттина книги. Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија и во Р. Македонија.

Од богатиот филмски опус најпозната е неговата режија на филмот „Републиката во пламен“.

На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Бил претседател на македонскиот Парламент и амбасадор на Р. Македонија во Бугарија и Србија.

Георгиевски почина во декември 2018 година во Скопје.

Коронавирус