понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Вести

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е Александар Сариевски, неговиот музички опус дел од македонското културно богатство

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е Александар Сариевски, неговиот музички опус дел од македонското културно богатство

Во селото Галичник на 20 јуни 1922 година е роден Александар Сариевски, македонски пејач на македонска народна музика и композитор на новосоздадени фолклорни песни. Во 1946 г. во Македонското радио ја снимил првата песната „А бре невесто око калешо“.

Бил еден од основачите на ансамблот „Танец“.

Бил и успешен композитор и текстописец на познатата песна „Зајди, зајди јасно сонце“. Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство.

Најмногу ќе остане запаметен по интерпретацијата на следниве песни: „Зајди, зајди јасно сонце“ (автор), „Учи ме мајко, карај ме“, „Јовано, Јованке“, „Море сокол пие“, „Дејгиди луди млади години“, „Абер дојде Донке“, „Зајко кукурајко“, „Кандисал Ајрудин паша“ и многу други.

Сариевски починал на 19 декември 2002 година во Скопје.

Коронавирус