петок, 17. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

На денешен ден е роден најтрофејниот македонски новинар Борис Поп Ѓорчев

На денешен ден е роден најтрофејниот македонски новинар Борис Поп Ѓорчев

Во Велес на денешен ден во 1933 година е роден Борис Поп Ѓорчев, со 25 награди, најтрофеен македонски новинар.

Во „Нова Македонија“ работел од 1953 година. Во периодот 1975-1980 бил постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Москва.

По катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година бил член на мобилната екипа на „Нова Македонија“ која во наредните две недели, во Приштина, без прекин го продолжила излегувањето на најстариот македонски весник.

Во ноември истата година бил еден од основачите на вториот македонски весник „Вечер“ каде бил заменик на главниот и одговорен уредник. Борис Поп Ѓорчев спаѓа во потесниот круг на основоположниците и први активисти на пливачкиот маратон во Македонија.

Тој е еден од луѓето кој во 1962 година ја оствари идејата за одржување на Охридскиот пливачки маратон и наедно се избори за ова традиционално натпреварување да добие статус на светско првенство на слатки води, напоредно со светското првенство Капри – Неапол (Италија) кое стана светско првенство на солена вода.

Починал на 25 јануари 2016 година.

Најнови вести

Коронавирус