недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 20
home Вести

На дедото на Тамара денес ќе му се суди за обидот за убиство врз Тодоров

На дедото на Тамара денес ќе му се суди за обидот за убиство врз Тодоров

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Пред Судот треба да бидат приложени нови психијатриски вештачења што ќе го направи ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“ и од кои треба да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.

Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство. Тој е обвинет за обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на кривичното дело е во притвор.

Коронавирус