недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Вести

На Богородица и Табановце неколку метарски колони, сликата на граничните премини и утрово непроменета- еве колку време се чека за излез

На Богородица и Табановце неколку метарски колони, сликата на граничните премини и утрово непроменета- еве колку време се чека за излез

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничниот премини  Табановце за влез и излез од државата се чека околу 30 минути, додека на Богородица се чека триесетина минути само за излез.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Особено да се внимава на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Каква е моменталната ситуација на граничните премини можете да следите и во живо ТУКА.