вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 38
home Вести

На 7-ми мај не излегувајте од дома без лична карта, во спротивно ќе бидете приведени

На 7-ми мај не излегувајте од дома без лична карта, во спротивно ќе бидете приведени

Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциско на Република Македонија, информира дека за време на Апостолската посета на Папата, на територијата на град Скопје и правецот од Меѓународниот аеродром Скопје до центарот на градот, ќе важат посебни сообраќајни правила за движење на автомобили, како и посебни правила за движење на пешаците низ центарот на Скопје.

За време на апостолската посета на Папата Франциско движењето во централното градско подрачје (познато како Мал ринг), за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона. Тоа значи дека сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6:00ч до 19:00ч на 07.05.2019, ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки.

Поради тоа, апелираат сите граѓани кои работат во оваа зона, да ги напуштат своите домови половина час порано од вообичаено на патот кон работното место, со цел да стигнат навреме.

Коронавирус