недела, 5. декември 2021. Вести денес: 99
home Вести

На 6 места се гласа со спреј и ув-ламба

На 6 места се гласа со спреј и ув-ламба

На 6 места се гласа на стариот начин, со спреј и ув-ламба и земање отисок од прст со боја. На овие места, рече претседателот на ДИК, Александар  Даштевски, не се стига ниту да се смени апаратот оти треба специјално теренско возило, а таму има мал број гласачи.

„Се наметнува и проблем во некои места да има повеќе гласачи, се прават гужви, а помал број на гласачки места, но ги известивме избирачките одбори да се води сметка и за редиците, оти такви се ковид протоколите“, кажа Даштевски.

До 12,30 часот до ДИК се стигнати 48 приговори за заштита на избирачки права, од кои 26 се прифатени, 4 се одбиени поради неисполнување на условите и 18 уште се во обработка.

Коронавирус