сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 93
Во живо

30-та Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

НА 21 МАЈ: Почнува редовната авиолинија меѓу Скопје и Москва, еве колку трае летот

НА 21 МАЈ: Почнува редовната авиолинија меѓу Скопје и Москва, еве колку трае летот

Руската авиокомпанија Нордвинд ерлајнс од 21 месецов ќе почне со летови од московскиот Меѓународен Аеродром Шереметјево до Меѓународниот Аеродром Скопје, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу Скопје и Москва, најави денеска ТАВ Македонија.

Во рамки на летниот распоред на летање, потенцираат, Нордвинд одлучи да го прошири опсегот на директни редовни летови, со додавање на нова авиолинија до македонскиот главен град Скопје.

Првиот лет на Нордвинд од Москва до Скопје е закажан за петок, 21-ви мај 2021 година, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Времетраењето на летот е 3 часа и 25 минути.

-Во ТАВ Македонија сме многу среќни што Нордвинд одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Северна Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји. Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини, вели во пишана изјава генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

-Нордвинд е една од најголемите авиокомпании во Русија според прометот на патници и ја има една од најразвиените мрежи на авиолинии во земјата. Базата на Нордвинд е Меѓународниот Аеродром Шереметјево во Москва. Со флексибилни авионски билети, лесен распоред на летови и бонуси во програмите за лојалност, летовите со Нордвинд ќе бидат успешен почеток за патувања на бизнис-патниците, како и оние кои сакаат да уживаат во планираниот одмор, наведуваат од ТАВ Македонија.

Повеќе информации за цените, времето на поаѓање, достапноста на местата на летовите, како и резервација и продажба на авиобилетите се достапни на веб-страницата на Нордвинд: https://nordwindairlines.ru/ru

-Од Нордвинд објаснуваат дека сите нивни патници можат да користат дополнителни услуги за удобен лет, како што се избор на седиште во авионот, избор на оброк, земање дополнителен багаж, нова услуга – дополнително место во близина, како и други услуги преку Интернет, стои во соопштението од аеродормскиот концесионер.

ЕУРО 2020

Македонија