недела, 26. септември 2021. Вести денес: 83
home Вести

МЖСП: Усвоени преостанатите закони од областа на управување со отпадот

МЖСП: Усвоени преостанатите закони од областа на управување со отпадот

Собранието на денешната  50-та седница ги донесе преостанатите четири закони од областа на управување со отпадот: Закон за управување со отпадот, Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со дополнителни текови на отпад и Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, откако претходно во текот на месец август, беа донесени Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори  и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, информираат од Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСП).

Донесувањето на овој пакет од шест закони е во насока на реформа на законодавството од областа на управувањето со отпадот, што го опфаќа општиот систем на национално ниво регулиран во општиот Закон за управување со отпадот и посебни закони кои се однесуваат на посебните текови на отпадот, ориентирани кон принципите на циркуларна економија и превенција на отпадот, односно реупотреба, преработка и рециклажа.

– Подготовката на законите траеше долг временски период, со учество на меѓународни и локални експерти, преку консултација со засегнатите страни, општините, колективните постапувачи и комуналните претпријатија, невладиниот сектор и јавноста, со цел вградување на потребите на засегнатите страни и втемелување на принципите на заштита на животната средина во еден функционален систем кој конечно ќе биде имплементиран соодветно и во пракса, се вели во соопштението од МЖСП. (МИА)

Коронавирус