петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

МЗ: Здравствени работници и ПЗУ може да достават писмо за интерес за специјалист/аптека

МЗ: Здравствени работници и ПЗУ може да достават писмо за интерес за специјалист/аптека

Министерството за здравство преку соопштение ги повикува сите заинтересирани здравствени работници и приватни здравствени установи да достават до Министерството писмо за интерес за вршење здравствена дејност во мрежата на здравствени установи во дејностa аптеки во примарна здравствена заштита или аптеки/аптекарски станици во населено место во рурална средина со најмногу 3.500 жители со постојано место на живеење на ниво на примарна здравствена заштита.

Од Министерството посочуваат дека целта е поефикасно снабдување и навремена достапност на лекови за сите граѓани.

Во писмото за интерес, како што се посочува, задолжително да се наведат: Име и презиме на здравствениот работник или назив на здравствената установа кои се заинтересирани за вршење здравствена дејност согласно овој оглас, дали се заинтересирани за аптека или аптекарска станица, место (село или населено место) и општина за кои постои интересот, број на аптеки за кои постои интересот и податоци за контакт со заинтересираниот здравствен работник односно приватна здравствена установа (адреса, телефонски број односно е-маил адреса).

Писмата за интерес да се достават во архивата на Министерството за здравство најдоцна до 31 јануари со назнака „Писмо за интерес за специјалист/аптека“, стои во соопштението.

Коронавирус