четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

МЗ: ВМРО-ДПМНЕ го опструира процесот на набавка на вакцини

МЗ: ВМРО-ДПМНЕ го опструира процесот на набавка на вакцини

Министерството за здравство ги осудува лагите кои ги пласира партијата ВМРО ДПМНЕ и ја повикува опозицијата да престане да шири паника во јавноста и вознемиреност кај граѓаните.

Од Министерството велат дека апсолутна лага е дека државните лаборатории немаат реагенси за ПЦР тестови.

-Апсолутна лага е дека се чека за термин за тестирање. Во земјава дневно може да се прават 4-5000 тестови за Ковид 19 и сите закажувања се реализираат тековно, а резултатите се објавуваат за најмногу 24 часа.
Во време на пандемија, ВМРО ДПМНЕ одлучи да биде на страна на лагата, секојдневно да креира лажни сценарија дека во болниците нема кислород, дека здравствените работници на знаат да лекуваат па затоа смртноста е голема, како што тврдат тие. ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија одлучи да го опструира процесот на набавка на вакцини, пласирајќи во јавноста фалсификувани документи со невистинити суми лажејќи дека вакцини се набавуваат со провизии. За ВМРО ДПМНЕ „небитни“ се луѓето кои се вакцинираат против Ковид 19. Тажно е што и од процесот на имунизација на возрасните граѓани, вработените во критичната инфраструктура, здравствените работници ВМРО ДПМНЕ сака политички да профитира, се наведува во соопштението.

Најнови вести

Коронавирус