недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

МЗ: Вкупно 92 253 граѓани примиле вакцина и ревакцина досега, вчера околу 9 илјади

МЗ: Вкупно 92 253 граѓани примиле вакцина и ревакцина досега, вчера околу 9 илјади
МИА

Со последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74 076 граѓани, објави Министерството за здравство.

Вчера се вакцинирани 9 123 граѓани, од кои со прва доза 7 963 граѓани.

Според податоците на Министерството, во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92 253 граѓани.

Со последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Според Националниот план за вакцинација, во моментов вакцинацијата се спроведува кај возрасни лица, граѓани кои се пријавиле на веб страницата vakcinacija.mk, како и вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk.

ЕУРО 2020

Македонија