среда, 8. декември 2021. Вести денес: 117
home Вести

МЗ: Потпишан договор за набавка на 40 илјади дози четиривалентни вакцини против грип

МЗ: Потпишан договор за набавка на 40 илјади дози четиривалентни вакцини против грип

Министерството за здравство потпиша договор за набавка на 40.000 дози четиривалентни вакцини против грип. Достапноста и испораката на вакцините зависи од производителите.

Ова за МИА го информираа од Министерството за здравство од каде посочуваат дека навремено ја спровеле набавката на вакцини за сезонски грип.

– Граѓаните кои се вакцинирале со вакцина против Ковид-19, во рок од две недели, односно 14 дена, по примената втора доза, може да се вакцинираат со вакцина против сезонски грип – е препораката на Комисијата за имунизација, потенцираат за МИА од Министерството за здравство.

Коронавирус