петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

МЗ ќе направи анализа за случајот со 15-годишникот кој почина при операција

МЗ ќе направи анализа за случајот со 15-годишникот кој почина при операција

Министерство за здравство соопшти дека ќе направи целосна анализа за трагичниот настан во кој почина 15-годишно момче за време на операција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Првичните информации говорат дека станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска предиспозиција. Целиот кадар на Клиниката за ортопедија бил максимално ангажиран во напорите да се спаси момчето, стои во соопштението од Министерството.

Исто така, наведуваат од Министерството, формирана е и комисија на Клиниката која ќе го анализира случајот и по добивање на официјалните резултати од обдукцијата ќе се соопштат транспарентно на целата јавност. Во наредните денови се очекуваат и официјалните резултати од Институтот за судска медицина.

Локални избори 2021