среда, 4. август 2021. Вести денес: 101
Вонредна вест

ГОЛЕМ РАСТ: 164 новозаболени од коронавирус, починаа три лица

home Вести

МВР тврди дека полицајката сама се повредила, сведоци велат дека Асани ја бутнал Јаначковска

Партискиот функционер на ДУИ, Бекир Асани при инцидентот кога пајак службата сакала да му го крене непрописно паркираното возило, ја турнал полицајката, по што таа се повредила.
МВР тврди дека полицајката сама се повредила, сведоци велат дека Асани ја бутнал Јаначковска

Партискиот функционер на ДУИ, Бекир Асани при инцидентот кога пајак службата сакала да му го крене непрописно паркираното возило, ја турнал полицајката, по што таа се повредила.

Ова за Телевизија 24 го тврдат сведоци кои присуствувале на настанот. Дополнително, тие посочуваат дека таа се уплашила и ги повикала своите колеги, кои биле во поголем број.

-Но, според тврдеањата на нашите сведоци, Асани продолжил да ги навредува и нив, упатувајќи им погрдни зборови.  При тоа, полицајците не превземале мерки за негово приведување. Сведоците кои зборуваа за телевизија 24, засега не сакаат да зборуваат пред камерите, но нивните сведочења се спротивни од официјалната верзија на МВР. Телевизија 24, вчера објави дека полицајката била амбулатски истретирана, со полесни повреди и веднаш била пуштена на домашно лекување, а и била закажана дополнителна контрола. Но во билтенот на МВР, не беше наведена инфорамцијата дека полицајката, побарала лекарска помош. Единствено, беше посочено дека, Бекир Асанаи само вербално ја нападнал, по што таму пристигнале и нејзините колеги. Денеска, и полицајката Јасмина Јаначковска, се појави на средба со министерот за внатрешни Оливер Спасовски. При тоа, МВР денеска ифнромитра, дека на прашањето од министерот дали имало било каков физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош, Јаначковска објаснила дека со лицето Б.А. имала само вербална расправија а не и физички контакт, објавува телевизијата.

„Според процедурата, возилата ги  фотографиравме, и започнавме со нивно подигање. Во тој момент пристапи едно непознато лице за кое подоцна разбрав дека станува збор за Б.А., и почна да вика. Веднаш повикав засилување и дојдоа поголем број полициски службеници. Со лицето Б.А. Имав само вербална расправија, меѓутоа при повлекување од местото на настанот се удрив со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не се здобив со посериозна повреда“ – изјави Јасмина Јаначковска.

За тврдењата на сведоците на Телевизија 24, од МВР велат дека доколку имаат поинакви сознанија, тие веднаш треба да ги пријават во полиција. Бекир Асани кој заработи прекршочна пријава, денеска беше недостапен за коментар. Но, разврската на инцидентот ја бранува јавноста. Крики се упатени дека секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго.

„При било кој напад врз полицијата мора да се реагира строго, доколку ако таков напад доаѓа од висок партиски функционер и за таков напад кривично се одговара.“ – вели Мирјана Најчевска.

МВР против Асани поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и  мир, за што максимална казна е парична од 500 до 800 евра.  Претходно, МВР има регистрирано неколку инциденти во кои учествувал Асани. Едниот напад беше во собрание пред камери, кога Асани му удри шлаканица на новинарот Дулови. Министерството го сомничи и за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во 2016 година по неуспешниот обид да се стават темели на крст во Бутел.

Прилогот на ТВ 24Вести, погледнете го во продолжение

Коронавирус