понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 80
home Вести

МВР спречи обид за поткуп на гласачи во Велес: Кај осмничениот пронајден список на околу 250 лица со нивни лични податоци

МВР спречи обид за поткуп на гласачи во Велес: Кај осмничениот пронајден список на околу 250 лица со нивни лични податоци

Министерството за внатрешни работи, сиот негов кадровски и организационен потенцијал се максимално подготвени да се справат со сите предизвици, односно да овозможат, во доменот на своите законски надлежности и обврски, мирно и непречено одвивање на изборниот процес. Во таа насока во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршен е претрес на дом кај лицето А.М. (35) при што се пронајдени и одземени еден мобилен телефон и повеќе листови од тетратки на кои рачно имало напишано список од околу 250 лица со лични податоци и матични броеви, откри попладнево преку Фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

➡️ По спроведениот претрес, а по насока на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е лишено од слобода поради сомневање за извршено кривично дело “Поткуп при избори и гласање“ по чл. 162 од КЗ и со истото во просториите на СВР Велес и извршен разговор во врска со пронајдените предмети. Во разговорот од страна на конкретното лице било посочено дека списоците биле направени од негова страна по претходна насока од друго лице блиско до локалното раководство на владејачка партија во Велес и на истите имало име и презиме и матичен број од лица од ромска националност кои би гласале за политичката партија, а за возврат би добиле финансиски средства. Ваквата насока му била дадена пред околу една недела и за реализација на истата му била ветена материјална корист.

➡️ Од страна на СВР Велес во координација со ОЈО Велес се преземаат дополнителни мерки и активности во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, како и утврдување на евентуалната инволвираност на други лица, по што ќе следи соодветна кривична пријава.

🗣️ Aпелирам до граѓаните да пријават секаков вид на притисок или активности насочени кон нарушување на изборниот процес, а од страна на полициските службеници да бидат преземени сите потребни мерки и активности за целосно расчистување и санкционирање на сите изборни нерегуларности независно од политичката припадност на сторителите на ваквите кривични дела, пишува Чулев во својата објватоп.

Коронавирус