сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

МВР, Спасовски и Нухиу да одговорат: Зошто не преземале ништо за неутрализирање на вооружени групи во Чаир и дали тие уште се во Скопје?

Она што треба да ги загрижува жителите на Скопје во овој момент е дека во градот ни се шета вооружена формација која е спремна во секој момент да нападне државни и владини институции.
МВР, Спасовски и Нухиу да одговорат: Зошто не преземале ништо за неутрализирање на вооружени групи во Чаир и дали тие уште се во Скопје?

Веќе неколку дена не стивнуваат реакциите околу изјавите на поранешниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу пред јавното обвиниелство, а се поврзани со настаните од 27-ми април.

Нухиу во изјавата дадена пред ЈО кажал дека вечерта на 27-ми април, додека биле настаните во Собрание групи од вооружени Албанци се собирале во Чаир, па дури и дека групи поранешни борци на УЧК се подготвувале за акција.

Oваа изјава сама по себе е шокантна од повеќе аспекти, а отвара и повеќе дилеми, но и потребни се одговори кои надлежните треба да и ги дадат на јавноста.

Едно од најголемите прашања е и да се претпостави дека Нухиу ја говори вистината пред Јавното обвинителство, зошто тој од позиција на министер и заменик министер за внатрешни работи, не преземал ништо со цел неутрализирање на оваа вооружена формација?

Она што треба да ги загрижува жителите на Скопје во овој момент е дека во градот ни се шета вооружена формација која е спремна во секој момент да нападне државни и владини институции.

Другото прашање што треба да се одговори е како стигнало оружјето до овие луѓе преку кои канали и кој им го дал? Но најважните прашањa што треба да ги одговори МВР е доколку постои вооружена група и која е спремна во секој момент да реагира зошто се чекало дури 6 месеци да биде споделена пред Јавното обвинителство, а не била веднаш соопштена и дали на овој начин овие групи се под контрола на одредени политички партии?

Она што загрижува е што оваа група не се знае дали е и во овој момент оперативна и е од голема закана за безбедноста на граѓаните!

Појавата на оваа вооружена групација ја загрижи и ВМРО-ДПМНЕ. На вчерашната прес конференција беше кажано дека толерирањето на овој настан е меѓукоалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ

– Непреземањето на мерки за сузбивање и неутрализирање покажува дека власта не ја интересира безбедноста на државата и заканите по уставниот поредок. За сметка на зачувување на власта и меѓукоалициските договори од страна на СДСМ и ДУИ се толерираат вооружени банди и нивните посредници кои се во директен контакт со функционерите што само ги пренесуваат заканите наместо да постапуваат по нив рече, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

MВР предводено од Оливер Спасовски по она што беше презентирано во јавноста апсолутно ништо не превзема оваа група да биде неутрализирана. До сега од она што е познато не се спомнува никаква истрага, ниту пак се знае со каков тип на оружје се наоружани. Не се знае ниту колку луѓе има од групата и кои се тие.

Ваквото непостапување од страна на МВР не само што им дава сила, туку и праќа порака и ги охрабрува сите групи во иднина дека слободно можат да се вооружаат и да се закануваат по безбедноста на државата.

Најсвеж пример ни се настаните од Диво Насеље каде вооружена група со тешко пешадиско оружје се дрзна да се крене против правниот и државниот поредок во Република Македонија. Како последица на овие настани загинаа 8 припадници на МВР додека десетици беа повредени.

Коронавирус