петок, 17. септември 2021. Вести денес: 113
home Вести

МВР со „полни раце“ работа, граѓаните со празни џебови: Санкционирани 158 возачи за еден ден во Скопје

МВР со „полни раце“ работа, граѓаните со празни џебови: Санкционирани 158 возачи за еден ден во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 22 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола.

Изречени се девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Коронавирус