среда, 28. јули 2021. Вести денес: 154
home Вести

МВР со известување до граѓаните

МВР со известување до граѓаните

Министерството за внатрешни работи информира дека утре припадници на МВР ќе одржат заедничка вежба за итна реакција со амбасадата на САД во Скопје.

Како што истакнуваат од МБВР вежбовните активности ќе се одржат во кругот на амбасадата.

-Ги известуваме граѓаните дека може да се слушнат сирени за итни случаи и аларми, како дел од сценариото. Вежбовните активности ќе вклучат наизменично затворање на улиците и пренасочување на сообраќајот во близината на амбасадата на САД во текот на утрото. Заедничката вежба ќе им овозможи на МВР и на Амбасадата на САД поефикасно да ги координираат активностите во случај на вонредна состојба, стои во известувањето на Министерството.

Коронавирус