петок, 14. мај 2021. Вести денес: 140
home Вести

МВР со детали за инцидентот во Гостивар во кој беа претепани професори

МВР со детали за инцидентот во Гостивар во кој беа претепани професори

Во Полициската станица Гостивар, вчера околу 22 часот Д.И. (37) од Гостивар, пријавил дека околу 15.40 часот телефонски бил повикан од страна на професорот Б.К.(41), кој бил на работа во гимназијата и му рекол дека вербално се расправал со директорот Џ.К., а неколку минути подоцна му се јавил Б.К. и му рекол дека бил нападнат.

-Д.И отишол на паркингот позади училиштето, и го затекнал Б.К. пред влезот на спортската сала, со крв на лицето.  Б.К. му кажал на Д.И. дека бил нападнат од синот на директорот, В.К. . Во тој момент, според пријавеното од Д.И., од училиштето излегол Џ.К., а Д.И. му се обратил со зборовите „Гледаш што му направивте на човекот“, по што почнале да се туркаат меѓу себе, а од зад грб на Д.И. му се приближил Х.Ф. и почнал да го удира, по што Д.И. се онесвестил. Д.И и Б.К. биле префрлени во Ургентен центар во Гостивар, а потоа во Клинички центар Скопје., информираат од МВР.

Со овластување од јавен обвинител, извршен е увид од НК за КР Гостивар. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Најнови вести

Коронавирус