сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 65
home Вести

МВР со детали: Притвор за ќерката која си ги уби родителите и сестрата, притворени и помагачите

МВР со детали: Притвор за ќерката која си ги уби родителите и сестрата, притворени и помагачите

Одреден е притвор во траење од 48 часа на постарата ќерка на семејството Поцеста Б.П. (28), осомничена дека го извршила грозоморното тројно убиство во Дебар и дека таа го застрелала својот татко Агим, мајката Назмие и 14- годишната сестра Анила.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар до Основното јавно обвинителство во врска со убиството на А.П. (54), Н.П. (53) и нивната 14-годишна ќерка во Дебар поднесе кривична пријава против Б.П. (28) од Дебар поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство“, како и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање во врска со „убиство“. Б.П., Ф.Г. и В.К. се приведени, а судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар им одреди притвор во траење од 48 часа, информираат од МВР.