четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 37
home Вести

МВР со детали: 15 годишник е повреден во синоќешниот инцидент

МВР со детали: 15 годишник е повреден во синоќешниот инцидент

Испокршен бил вториот кат на двокатен автобус со број 65-б кој бил каменуван од група малолетници вчера околу 19.30 часот. Во инцидентот еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од скопското село Стајковци.

Возачот на автобусот подоцна пријавил во полиција дека на улицата „Алија Авдовиќ“ имало тепачка помеѓу две групи малолетници. Едната група го каменувала автобусот, кој сообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци, при што биле искршени четири стакла од вториот кат.

Во врска со настанот, во полициската станица Гази Баба биле приведени 20 лица од двете групи. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Локални избори 2021