петок, 17. септември 2021. Вести денес: 5
home Вести

МВР се уште не може да потврди дали има жртва во пожарот во Старо Нагоричане

МВР се уште не може да потврди дали има жртва во пожарот во Старо Нагоричане

Се уште нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за тоа дали во Македонија има прва жртва од пожарите кои беснеат низ земјата.

Според информациите кои Курир утринава ги доби од МВР, полициските екипи се уште не можат да извршат увид.

Од МВР велат дека нивните екипи се на терен, но моменталните услови не дозволуваат да влезат во опожарената куќа и утврдат дали внатре има тело. Очекуваат дека во текот на денот објектот ќе биде доволно оладен за да можат да влезат и да започнат со увидот.

До тогаш Министерството не може да даде официјална потврда за жртва.

Како што вчера објавија медиумите, жената обидувајќи се да се засолни од оганот се заклучила во куќата и не успеала да се извлече.

– Стојанка беше во собата. Не можев да и помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња, изјави Борис кој живеел со Стојанка, пренесува ТВ24.

Најнови вести

Коронавирус