понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 2
home Вести

МВР се огласи по скандалот во седиштето на Исламската верска заедница

МВР се огласи по скандалот во седиштето на Исламската верска заедница

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по добиени две пријави (и од едната и од другата страна), полициски службеници денеска се упатија во седиштето на Исламската верска заедница на Бит пазар.

На лице место не беше констатирано нарушување на јавниот ред и мир.

-Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувања, се наведува во соопштението на МВР.