среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 75
home Вести

МВР се огласи по физичкиот напад на протестот за Ел Чека: Едно лице е повредено, пријавете ако има друг напад

МВР се огласи по физичкиот напад на протестот за Ел Чека: Едно лице е повредено, пријавете ако има друг напад

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во врска со вчерашниот протест на плоштадот Скендер бег во Скопје има пријавено само еден физички напад од непознато лице врз И.Г., кому му била укажана помош во ГОБ Наум Охридски.

-Други пријави за физички напад на вчерашниот протест до сега во МВР нема. Апелираме доколку има сторено било какво дело врз безбедноста и сигурноста на било кој граѓанин, тоа да го пријави во најблиската полициска станица, врз основа на што Министерството за внатрешни работи според професионалните стандарди ќе преземе соодветни мерки за расчистување на случајот, како и во било кој друг случај, порачуваат од МВР.

Коронавирус