вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

МВР: Расчистен е случајот со нападот на Н.С.

МВР: Расчистен е случајот со нападот на Н.С.

Во врска со злонамерните дезинформации што по социјалните мрежи ги објавуваат поединци и одредени портали што пласираат лажни вести, а во врска со настанот од 29.06.2018, Министерството за внатрешни работи потсетува дека случајот е експресно расчистен, а за тоа јавноста е соодветно информирана, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР повторуваат дека Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

-На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор, се наведува во соопштението од Министерството.

Коронавирус