петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 112
home Вести

МВР: Потпишани 138 изјави за самоизолација, полицискиот час не го почитувале 25 лица

МВР: Потпишани 138 изјави за самоизолација, полицискиот час не го почитувале 25 лица

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (04/05.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 25 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

Коронавирус