петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

МВР под водство на Чулев започна да функционира: Запленетиот кокаин е многу повеќе од нулата на Спасовски

МВР под водство на Чулев започна да функционира: Запленетиот кокаин е многу повеќе од нулата на Спасовски

Според првичните неофицијални информации, во големата полициска акција во Крушопек е запленета голема количина кокаин. Дрогата е колумбиска, а според некои извори требало да биде пренесена во Словенија.

Приведени се возачите на камионот и сопственикот на магацинот, а се трага и по други лица.

Првичните информации исто така велат дека толкава количина дрога не би се шверцувала доколку преносителите не биле сигурни во каналот кој не е можно да нема заштита. Колку години овој канал функционирал беспрекорно, истрага допрва треба да утврди, но очигледно е дека Оливер Спасовски како досегашен челник на МВР ќе треба да одговори на низа прашања.

Исто така е симптоматично тоа што МВР под водство на сега веќе техничкиот премиер Оливер Спасовски нема запленето ниту грам кокаин.

По повод акцијата се огласи и Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на својот Фејсбук профил напиша:

-По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден!

Денешната акција на МВР и министерот, дава повеќе објансувања и за синхронизираните напади врз него кои овие денови доаѓаа од СДСМ и нејзините медиуми.

Коронавирус