недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

МВР: Од 12 до 15 февруари 610 кандидати за полицајци ќе контролираат возачи и возила

МВР: Од 12 до 15 февруари 610 кандидати за полицајци ќе контролираат возачи и возила

Во периодот од 12 до 15 февруари во сите сектори на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ќе се спроведува практичен испит од областа на сообраќајот – контрола на возила и возачи за 610 кандидати од основна обука за полицаец 2017/18 година.

Во Скопје, 456 кандидати, испитот ќе се одвива четири дена, од 12 до 15 февруари во периодот од 10 до 17 часот. Притоа испитот ќе се спроведе во централното градско подрачје, каде на претходно определени места ќе се сопираат возила и ќе биде вршена проверка на возачот и возилото од страна на кандидатите заедно со полициски службеници кои ќе ги оценуваат истите.

На 12 февруари испит ќе се спроведе во Тетово, Штип и Струмица, на 13 февруари во Охрид, на 14 во Битола и на 15 февруари во Куманово и Велес.

МВР апелира граѓаните да покажат разбирање и соработка со цел успешно спроведување на практичниот испит.

Коронавирус