сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 73
home Вести

МВР најавува кривична пријава за одржување на свадба во Арачиново

МВР најавува кривична пријава за одржување на свадба во Арачиново

На 22.10.2020 околу 21.00 полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Арачиново, велат од Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството информираат дека во објектот се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 200 лица.

-Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Македонија во врска со Ковид-19. Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, се наведува во соопштението на МВР.

Коронавирус