петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

МВР контролирало 288 угостителски објекти во Скопје, сите ги почитувале мерките

МВР контролирало 288 угостителски објекти во Скопје, сите ги почитувале мерките

Во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на СВР Скопје, полицијата извршила зајакнати контроли во угостителски објекти при што се контролирани 288.

Од преземените мерки и активности не се констатирани неправилности при спроведување на протоколите во врска со ковид-19.

-Во врска со донесената Одлука на Владата на Република Северна Македонија за постоење на кризна состојба на територијата на државата заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија од ковид-19 и согласно изготвениот Оперативен план за постапување на Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје преку Единиците за внатрешни работи, во временскиот период од 12.00 часот на 31.12.2020 до 04.00 часот на 01.01.2021 спроведе зајакнати мерки и активности самостојно и во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат, со цел контрола за спроведување на препораките за работата угостителските објекти, спречување на можни нарушители на јавниот ред и мир и спречување на вршење на кривични дела и прекршоци за време на новогодишната ноќ, информираат од МВР.

Најнови вести

Коронавирус