петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 10
home Вести

МВР казни 509 возачи во Скопје: 75 за пречекорена брзина, 66 технички неисправни возила

МВР казни 509 возачи во Скопје: 75 за пречекорена брзина, 66 технички неисправни возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 509 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 75 прекршоци, 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас, 91 за непрописно паркирање, 74 возила подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат МВР.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Коронавирус