сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 87
home Вести

МВР: Казнети 339 возачи во Скопје од кои 108 за пречекорена брзина

МВР: Казнети 339 возачи во Скопје од кои 108 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 22 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 108 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 16, 7 санкционирани мотоциклисти, 73 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 84 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информира МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Коронавирус