вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

МВР: Казнети 297 возачи за брзо возење на територија на цела држава

МВР: Казнети 297 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (27.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 297 возачи.

Од нив, 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Коронавирус