вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 135
home Вести

МВР: Казнети 287 возачи во Скопје

МВР: Казнети 287 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 287 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 4 прекршоци, 11 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 за возење без возачка дозвола, 72 мерки за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со „пајак“. Изречени се 123 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.

Коронавирус