среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 44
home Вести

МВР: Казнети 222 возачи во Скопје

МВР: Казнети 222 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 222 санкции, меѓу кои 60 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 23 мерки за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти. Изречени се 29 мерки за непрописно паркирање, едно привремено одземено возило и 26 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Коронавирус