петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 21
home Вести

МВР: Казнет 401 возач во Скопје, од кои 110 за пречекорена брзина

МВР: Казнет 401 возач во Скопје, од кои 110 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 401 санкциja, меѓу кои возење без возачка дозвола 24 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 110 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 19, 21 санкциониран мотоциклист, 120 меркa за непрописно паркирање, 82 возила се подигнати со специјално возило„пајак“, а изречени се 69 казни за неносење на заштитна маска, информираат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Коронавирус