недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

МВР: Казна за Бујар Османи за зборување на телефон додека вози и минување преку полна линија

МВР: Казна за Бујар Османи за зборување на телефон додека вози и минување преку полна линија

Вицепремиерот Бујар Османи ќе добие прекршочна пријава од МВР поради користење на мобилен телефон додека возел, што сам го снимал на видеото кое го објави викендов.

МВР против Б.О. поднесе прекршочна пријава поради кршење на Законот за патен сообраќај. Како што се гледа на видеото, објавено од Османи, на својот профил на Фејсбук, тој додека управува со автомобилот разговара на телефон и минува преку полна линија.

– МВР му изрече соодветна казна на Б.О. за сторен сообраќаен прекршок по законот за безбедност во сообраќајот, потврдиле од МВР за Фокус.

Османи викендов истражуваше низ Скопје колку од таблите на државните институции не се двојазично напишани и сето тоа го снимал на видео. На ова реагираа голем број граѓани кои го упатија да сними видео и пред седиштето на неговата партија ДУИ, дали е прописно истакнато и македонското државно знаме, покрај другите. Исто така, беше посочено Османи да сними видеа колку се почитува Законот за знамиња и државни симболи и во останатите места низ Македонија каде што ДУИ ја има локалната власт.