четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 84
home Вести

МВР и АРМ се обединија, средба за справување со коронавирусот

МВР и АРМ се обединија, средба за справување со коронавирусот

Денес остварив работна средба со Началникот на Генералштабот на армијата, Васко Ѓурчиновски. Средбата беше со цел ангажирање на армијата како поддршка на Министерството за внатрешни работи пред се во делот на обезбедување на зелената граница.

Ова го правиме со цел армијата да замени што поголем број полициски службеници кои ќе бидат ставени на располагање на државата за справување со Корона вирусот.

Договоривме формирање заеднички оперативен штаб кој ќе го координира постапувањето на полициските и армиските службеници, ќе врши профилирање на заедничките потреби од човечки ресурси и материјално – техничка опрема. Тој ќе има задача да ги формира оперативните тимови кои ќе бидат активни на терен и да го усогласи нивниот заедничкиот систем на работа.

Здравјето и животот на граѓаните се најважни и во таа насока неопходно е заеднички да преземаме мерки и активности со кои ќе овозможиме непречено функционирање на активностите терен, објави на Фејсбук, техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.

Коронавирус