недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

МВР го презема случајот со Курто Дудуш, ОЈО ќе му отвори случај по допрен глас?

МВР го презема случајот со Курто Дудуш, ОЈО ќе му отвори случај по допрен глас?

Додека Курто Дудуш го тресе сериозна аудио снимка која се тврди дека се случувала во неговата канцеларија, градоначалникот на скопско Шуто Оризари обвинува за хајка.

Дудуш се закани со тужби до објавувачите а тврди и дека се работи за монтирани снимки.

-Да имаше вистина во снимката, ќе имаше повредени. Оној што ја објавил монтирана аудио снимка ќе си добие пријава за нарушување на мојот иглед и чест а на сметка нема да му легнат новинарски поени од соработки со криминалци од калибарот на Сенат Јашар-вели Дудуш.

Обвинувањата за Курто се дека измачувал и тепал непознато лице во својата канцеларија а и владеачката и опозициската партија бараат случајот да се истражи.

Обвинителството соопшти дека до нив нема пријава за таков случај, но сепак ќе преземат мерки по допрен глас.

Коронавирус