петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 44
home Вести

МВР ги повикува граѓаните да пријавуваат групирање за божиќните празници

МВР ги повикува граѓаните да пријавуваат групирање за божиќните празници

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса  [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.

Граѓаните можат да се јават и анонимно да пријават (локација) на која забележале недозволено собирање на луѓе, спротивно на мерките пропишани за справување со пандемијата.

-Полицијатаисто како и за време на новогодишните празници, ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со Јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, односно одлуките кои ги носи Владата на Република Македонија, стои во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје

Локални избори 2021