недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 18
home Вести

МВР брифира информации дека Саздовски не починал од претепувањето туку се удрил од тротоар: Кого штити власта?

МВР брифира информации дека Саздовски не починал од претепувањето туку се удрил од тротоар: Кого штити власта?

Вчера во дел од провладините медиуми беа брифирани информации дека Никола Саздовски-Саздо не починал од смртоносни удари кои му ги нанесоа тројцата напаѓачи, туку дека се удрил од “ивичњакот“ на тротоарот што предизвикало крварење на мозокот што бил фаталниот момент за младиот навивач.

Ова може да се протолкува како обид за затскривање на убиство.

– Ова е автобуската станица каде што бил претепан Никола и нападнат од 3 лица. Паднал на земја по што си ја удрил главата во тротоарот, веднаш паднал во кома по што бил превзен во Ургентниот центар, стои во прилогот на една од провладините телевизии.

Она што покренува сомнеж дека власта се обидува да ги заштити напаѓачите е и фактот што Јавното обвинителство ги гони напаѓачите не за убиство туку само за насилство. Еден од напаѓачите се уште е на слобода, а МВР претходно освен во своите билтени не даваше никакви подетални информации за самиот случај.

Коронавирус