среда, 28. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

МВР бега од одговори: Колку чини час летање со хеликоптерот и дали МВР ги користи хеликоптерите за транспорт на заболени од коронавирус?

МВР бега од одговори: Колку чини час летање со хеликоптерот и дали МВР ги користи хеликоптерите за транспорт на заболени од коронавирус?

Министерството за внатрешни работи бега од одговори на прашањата на КУРИР.

Прво се обидоа да дефокусираат со одговор на прашања кои не се оние кои им ги испративме, а потоа откако им посочивме дека сакаме конкретен одговор, одлучија да молчат.

Имено, КУРИР денес напладне постави сосема јасно формулирани прашања до МВР:

-Дали хеликоптерите во сопственост на МВР се користени за медицински потреби за заболени од Ковид-19 од почеток на епидемијата во земјава? Ако се користени, колку пати?

-Колку чини оперативен час летање со хеликоптер Бел-412, сопственост на МВР?

Наместо на овие прашања, МВР ни одговори на друга тема која беше актуелна денес и за која им должеше одговор на граѓаните:

„Летовите со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи на премиeрот Заев и министрите Шахпаска и Филипче на релација Скопје – Прилеп, односно на премиерот Заев и министрите Филипче и Бочварски на повратната релација кон Скопје се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата. Причината за користење е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски“.

Сепак, КУРИР смета дека нашите прашања се од голем интерес за македонската јавност и дека ваквиот одговор е обид за заташкување од страна на МВР. Затоа побаравме конкретни одговори:

Од МВР, откако се обидоа да пратат одговор кој не го побаравме, одлучија да молчат. Одговор на овие конкретни прашања – нема!

 

Коронавирус