среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 87
home Вести

МВР: 98 лица не го почитувале полицискиот час, најголем дел се на возраст од 18 до 67 години

МВР: 98 лица не го почитувале полицискиот час, најголем дел се на возраст од 18 до 67 години

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информира за статистиката по однос на прекршувањата на полицискиот час во изминатото деноноќие.

✅ На ниво на целата држава 98 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Најголемиот дел од нив се на подрачјето на СВР Скопје и се лица на возраст од 18 до 67 години.

Од страна на Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесени се вкупно 110 кривични пријави за вкупно 132 сторители.

✅ Според статистичките податоци издадени се вкупо 109 решенија за изолација, 140 лица потпишале изјави за самоизолација.

✅ Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

Локални избори 2021