среда, 3. март 2021. Вести денес: 42
home Вести

МВР: 84 санкционирани возачи во Центар

МВР: 84 санкционирани возачи во Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-а подрачјето на Центар изречени се вкупно 84 мерки, меѓу кои 8 мерки за управување под дејство на алкохол, 9 за непочитување на брзината на движење, 5 санкции за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се и 5 санкции за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Коронавирус