четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 212
home Вести

МВР: 62 санкционирани возачи во Илинден

МВР: 62 санкционирани возачи во Илинден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на општина Илинден изречени се вкупно 62 мерки, меѓу кои пет за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести

Локални избори 2021